Додека го чекаме исходот од правната битка што можеби ќе следи меѓу Меси и Барса, како бел ден е јасно е дека нема многу клубови што би можеле да го платат Меси, барем не такви кај кои тој би сакал да оди.
Овој пат, според информациите од Бразил, Меси го поканил Нејмар да му се придружи во англиската авантура за повторно да играат заедно и да ја освојат Лигата на шампионите.
Ова го тврди Хорхе Никола, дописник на ЕСПН од Бразил, кој вели дека Меси има понуда од Пеп Гвардиола да потпише тригодишен договор со Манчестер Сити, а потоа да ја продолжи кариерата во нивниот сестрински клуб Њујорк Сити.
Не е тајна дека изминатите година-две Меси упорно им апелираше на челниците на Барселона да се обидат да го вратат Нејмар. Тие не го направија тоа, а реализираа некои други трансфери во вредност од повеќе од 100 милиони евра, што не ѝ донесе на Барса тоа што го бараше.
Како резултат на тоа, се случи третиот последователен дебакл во Лигата на шампионите, овој пат најголем досега, што го натера Меси дефинитивно да го крене сидрото од „Камп Ноу“.
Според кладилниците Сити е првиот фаворит што може да го земе, но останува прашањето како ќе го „извади“ Меси од Барса. Имено, во неговиот договор има излезна клаузула од 700 милиони евра, но имало и додаток како дел од договорот, според кој Меси може да си замине бесплатно доколку сака.
Во Барселона тврдат дека поминал крајниот рок за еднострано раскинување на договорот од страна на Меси, додека претставниците на славниот Аргентинец сметаат пандемијата со коронавирус ги продолжи сите рокови, па логично е да се продолжи и тој рок.
Во секој случај, доколку Сити сака да ги донесе Меси и Нејмар во својот тим, договорот ќе биде многу полесен со Бразилецот. Тој има клаузула во неговиот договор со ПСЖ, според која може да си замине доколку некој клуб реши да плати 170 милиони евра, сума што не е голем залак за шеиците од Абу Даби, сопствениците на Сити. Особено ако се земе во предвид дека тие би можеле да го донесат и еден од најдобрите фудбалери на светот …
]]>


