Анџелина и Бред ништо не се договориле, а потрошиле милиони на адвокати

Уште од поднесувањето на барањето за развод во 2016 година, 45-годишната актерка Анџелина Џоли која се повика на непомирливи разлики со нејзиниот сега поранешен сопруг Бред Пит, двојката не покажа знаци за крај на нивните пресметки пред судиите.

Според правните експерти, секој од нив веќе потрошил милиони долари за правни трошоци, а битката за старателството на децата би можела да се води уште шест години.

Родителите на шесте деца сè уште не постигнале договор за поделба на богатството вредно милиони долари, ниту за старателството над нивните пет малолетни деца.

Анџелина неодамна ја продаде сликата на Черчил, за која се верува дека е подарок од Бред, по што брзо се раширија гласините дека таа го продала уметничкото дело за да ја подигне својата финансиска моќ во правната битка со холивудскиот актер. Сликата е продадена на аукција во Лондон за рекордни 11,5 милиони долари.

]]>

Најчитани вести