Арјанит Хоџа: Ќе водиме позитивна кампања, ги нудиме најдобрите кандидати за градоначалници и советници

Изјава на Арјанит Хоџа: Шеф на Изборниот штаб на Движењето БЕСА:

Почитувани граѓани!

Движењето БЕСА на локалните избори на 17 октомври влегува во трката како самостоен субјект, верувајќи силно во нашите вредности и политички капацитети, како непроменлива константа во политичката активност на Движењето.

На овие избори, Движењето БЕСА учествува со 11 кандидати за градоначалник како и со 23 листи за општински советници, вклучувајќи го и Град Скопје.

Слоганот на кампањата е „Со све” што ја симболизира нашата политичка сериозност да настапиме на локалните избори без калкулации и да ги понудиме најдобрите кандидати, меѓу кои е и претседателот на партијата Билал Касами, двајцата потпретседатели Фадил Зендели и Кастриот Реџепи како и другите кандидати кои се вистински професионалци во својата област, но пред се подготвени да го прифатат овој предизвик и убедени дека со достоинство и гордост ќе го претставуваат гласот на граѓаните.

Движењето БЕСА спроведува скромна кампања, со силна креативност и поголема концентрација во тоа како да стигне до граѓаните од врата до врата за внимателно да ги информираме за политичката понуда на Движењето БЕСА на овие избори.

Нашата кампања ќе биде позитивна, афирмативна кампања со високо ниво на почит кон политичките противници.

Имајќи предвид дека се уште сме во време на пандемијата COVID-19, затоа сите наши активности ќе бидат во целосна согласност со здравствените мерки, како и со целосно почитување на здравствените протоколи.

Дозволете ми денеска пред вас, покрај членовите на централниот штаб, да го претставам и портпаролот на централниот изборен штаб Фарук Авдиу, кој од денеска ќе биде лицето преку кое сите медиуми ќе остварат директен контакт со централниот изборен штаб на партијата.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести