Популарниот пејач и автор Ѓорѓе Балашевиќ отсекогаш бил скромен. Никогаш не се фалел со она што го поседува, а не дека немал со што.
Панонскиот морнар поседувал бројни недвижнини, вклучително и вила во Истра, вредна скоро половина милион евра. Веќе е покрената и оставинска постапка за поделба на неговиот имот, бидејќи тој не оставил тестамент во случај да му се случи ова што се случи.
Семејството на Балашевиќ се смета за многу хармонично, па затоа неговиот имот ќе биде поделен рамноправно на 4 дела, на сопругата и трите деца. Иако Балашевиќ почина ненадејно, сепак неговото семејство е обезбедено бидејќи на сметките уште долго време ќе им стига прилив, најмногу од авторски права.
]]>


