„Имајќи ја предвид информацијата објавена денес во весникот „Ел Мундо“ во врска со професионалниот договор потпишан помеѓу ФК Барселона и играчот Лионел Меси, клубот жали што е објавен јавно, бидејќи тоа е исклучиво приватен документ со кој се регулира принципот на доверливост меѓу двете страни. ФК Барселона категорично негира каква било одговорност за објавување на овој документ и ќе преземе соодветни правни активности против весникот „Ел Мундо“, за каква било штета што може да настане како резултат на ова објавување“, категорично соопштија од „Барселона“.
За потсетување, „Ел Мундо“ објави дека договорот со Меси финансиски ќе ја уништи „Барселона“. Според нивните информации, Аргентинецот во ноември 2017 година потпишал „фараонски“ договор вреден 555.237.619 евра.


