Голманот на РК Вардар и поранешен репрезентативен чувар на мрежата Борко Ристовски се појави на денешното рочиште за судењето за случајот „Организатори на 27 април“.
„Ниту ги познавам Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, ниту ме контактирале. На социјалните мрежи само давав морална подршка како Македонец“, изјави Ристовски.
Тој рече дека тој период не живеел во земјава и за случувањата се интересирал од медиумите.
]]>


