Бубевски за ТВ24: Позитивен сум на Ковид 19, засега немам симптоми

Обвинителот Гаврил Бубевски е позитивен на коронавирус, потврди тој за ТВ24. Бубевски вели дека иако ги почитувал сите заштитни  мерки, сепак тестот за Ковид 19 покажал дека е заразен со вирусот. 

„Ги почитував сите заштитни мерки, сепак, јас имам многу контакти и во суд и во Обвинителството и со истражители, поради случаите на кои работам, токму затоа се тестирав и тестот излезе позитивен. Не знам каде сум се заразил, засега немам никакви симптоми. Обвинителката Фатиме Фетаи и двајца истражители како лица со кои сум контатирал се во самоизолација“ – изјави за ТВ24, Бубевски.

]]>

Најчитани вести