Во Вуковарско-сремската жупанија во Хрватска, утрово се одвива спасуваќка акција, за каде полиција извести дека повеќе луѓе се наоѓаат во реката Сава помеѓу Штитаре и Бабина Греда, а полициски патроли, полициски чамец и беспилотни летала се итно испратени на местото на настанот за да пронајдат и спасат луѓе.
Веднаш беа вклучени и Цивилната заштита, Хрватската цивилна гарда, Службата за итна медицинска помош Жупања и Службата за итна медицинска помош. Полицијата го примила телефонскиот повик во 1:42 часот наутро.
Станува збор за мигранти
Како што се испостави, станува збор за околу 30 мигранти. Сите расположиви сили трагаат по нив. Хрватскиот Црвен крст ги објави првите фотографии од местото на ужасот. Седумчлен тим на Црвениот крст Жупања е исто така на терен, кој ги тријажира жртвите и им пружа прва помош за полесни повреди веднаш по нивното пристигнување. Тимот е целосно опремен и подготвен за итна медицинска помош.
Обезбедени се ќебиња, сува облека, храна, сендвичи и топли пијалоци за да им се помогне на жртвите да се справат со последиците од изложеноста на студ и стрес. Посебно внимание се посветува на лицата со повреди и знаци на хипотермија. Во согласност со проценката на нивната состојба, повредените ќе бидат згрижени и транспортирани во болница, со континуирана поддршка од тимовите на Црвениот крст.
Црвениот крст продолжува да ја следи ситуацијата и останува достапен за понатамошни активности и помош на жртвите.
Теренот е исклучително тежот и непристапен
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ во среда изјави дека на реката Сава во близина на Бабина Греда е во тек голема и исклучително тешка операција за спасување за спасување на десетици луѓе, најверојатно мигранти, кои се заглавени во непристапен мочурлив терен.
Повеќе на НЕЗАВИСЕН


