Портпаролот на ДИК Адмир Шабани на прес-конференцијата во 15:30 часот информираше дека излезноста до 15 часот е 576.576 граѓани или 31,78 проценти. Обработени се податоците од 3.435 избирачки места.
Најголем одѕив има во Четвртата изборна единица каде излезноста е 35,56 отсто, а најмала и понатаму е излезноста во Шестата изборна единица – 22,85 проценти.
Во Првата изборна единица излезноста е 34,51, во Втората – 29,96, во Третата – 37,24, во Четвртата-35,56, во Петтата – 31,51 и во Шестата – 22,85 отсто.
До овој момент до ДИК немало доставено приговор за тековното гласање, информираше Шабани.
]]>


