Доколку планирате одмор во Грција мора да го знаете ова: Внимавајте што правите за да не западнете во сериозни проблеми

Грција наскоро ќе воведе построг Закон за сообраќај кој носи повисоки казни за возење под дејство на алкохол и непрописно паркирање со цел да се зголеми безбедноста и да се намали бројот на несреќи, објави денес Националното здружение на туристички агенции – YUTA.

„Им советуваме на сите патници навремено да се информираат за новите прописи и да ги почитуваат сообраќајните закони за време на престојот во Грција.

Казните се сериозни и важат веднаш“, соопшти YUTA во објава на својот Инстаграм профил.

За возење под дејство на 0,80 промили, предвидена е казна од 150 евра и забрана за возење од 20 дена, до 1,10 промили, казна од 700 евра и забрана за возење од 90 дена, додека за возење со повеќе од 1,10 промили, казната ќе биде 1.200 евра и подразбира одземање на возачка дозвола за 180 дена, можност за затворска казна од најмалку два месеци и одземање на регистарски таблички и возила, го пренесува Euronews пишувањето одTanjug.

Повторени прекршоци во рок од една година може да доведат до парична казна од 2.000 евра и забрана за возење до две години, додека трет прекршок во рок од пет години може да резултира со парична казна од 2.000 евра и одземање на возачката дозвола во траење од седум години.

Кога станува збор за забрането паркирање, блокирање на шини се казнува со затворска казна од една до пет години, за паркирање на тротоар, кружен тек или во пешачки зони, казните се до 350 евра и забрана за возење од 70 дена.

Во Атина, казната за паркирање нашините е 150 евра и забрана за возење од 60 дена.

Други правила се однесуваат на задолжително носење кациги за мотоцикли, велосипеди и скутери, казни за користење мобилен телефон при возење, строга контрола на поминување низ црвено светло.

Ограничувањето на брзината во близина на училиштата е 20 километри на час, за мали улици 30 километри на час, во градот 50 километри на час, додека на автопатот ограничувањето е 140 километри на час, пишува српски Курир.

Најчитани вести