Самите бомби некако не им беа доволно страшни, та и „ние“ им се нафрливме, и тоа прилично селективно: не, ним им е потребен Збор, итекако збор кој ќе има призвук на онаа слатка, кичерајска Хипокризија, оти тој сој ионака држи дека секој збор што тежнее на повисоко и подобро за нив е општа хипокризија
Да се биде бомбардиран од груевизмот и безвезните патриотчиња, признавам, не е пријатно искуство. Знам по себе: тешко ми е најпрво кога го гледам со години во своето безвезно „политичарење“, второ, тоа се многу денови и ноќи за Македонија во која оро водат најлошите. Како и да било, Македонија е пропадната држава, како касарна која е бомбардирана од бомби. После се’, океј сум, целиот сум, во едно парче, ама лесно е тоа да се каже кога се’ ќе пројде.
Во пркос на ова постизборно искуство, кое треба да ме просветли, со мојот патриотизам нешто фундаментално не е во ред. Вистина е дека не сакав груевизмот да ме бомбардира десет години, ама од друга страна не сакав ни кога груевизмот ги бомбардира некои други, мене драги луѓе, тамо по Скопје, Битола, Велес, Прилеп… и се’ тоа демек во мое име. Па потоа дојде и мојот град, и моите пријатели. Блазе им на оние кои во овие „смртни“ избори, на декември 11-ти им се разбуди Светиот Гнев, што значи се убедувам себе дека такво нешто за прв пат на светот се случува! Патриотите имено ги преспаа сите овие години, во пркос на бомбите, пљачкањето, тепањето, шиканирањето, кривичните тужби, инспекциите, сромаштијата, бедата, убиствата… Тие патриоти успеаја да ги преспијат изминативе десет години, што мене не ми беше судено. А, ако бев подобар патриота, ако успеев некако да се наждерам од груевистичкиот леб, со сигурност во моите уши пријатно ќе „sвецкаше“ дека она што ме бомбардира не е груевизмот, туку „Убавиот ангел“ кој ме толчи, ме влече за уши и убива, затоа што се’ тоа, нели, е за мое добро. Имено, тоа што Груевски со години не’ толчи како магариња, ги точи нив многу повеќе, патриотите не пронајдоа никаков цинизам, не пронајдоа никакво огромно и гнасно лицемерие, дури, ниту му се спротивставија. Компензацијата на таквото шамарење, патриотите го препознават во Злите Имеперијалисти: ЦИА, Америка, мрскиот Запад…
Има тука, меѓутоа, еден проблем: војната со груевизмот никогаш не беше повикана, ни службено, ни неслужбено, ниту било како поинаку во флоскулата „Убавиот ангел“. Туку се нарекува онака дивјачки, робусно и војнички, преточена во гнасна флоскула „Долга е раката на ВМРО“, и никако поинаку. Овие предизборни и постизборни денови, некои патриоти не потсетија на таа бизарна мистификација, никако не успевам да откријам кој прв ја испали таквата флоскула, од кого всушност таа тргна, тоа што многу брзо со вкорени и стана Општо место, денес вкоренето во светста на огромното мнозинство. За потоа на таа бизарна, измислена будалаштина и пермутација заснована на Општо место, почнаа да тропаат сите живи, сиот оној желатиноножен слој на нашата неуморна „патриотска колумнистика“, пардон, публицистика, рутинерски патриоти по општа пракса, паразити кои транзитираат од дивиденди на љубовта према нацијата како еден специфичен занает. Најстариот, тукуречи.
Ете, поминаа десет години, ниеден груевист, ниеден патриота од нивниот табор, ниедно црквено (клерикално?) лице не ги запраша – што по ѓаволите, правите, луѓе? Зошто една иницијална бесмислица ја одржувате во живот, дури, ја зголемувате на илјади пати? Дали сте при себе? Каков „Убав ангел“ ве заробил?
Зошто воопшто е важно како тоа се нарекува, какво е тоа име? Ако те убие некаква цепеница од небото, или ако ти го уништи домот, зарем ќе пазиш за тоа дали тоа што на тебе паднало се нарекува „Убавиот ангел“, „Обединета нација“, „Здружение на евангелиски бициклисти закачени на грозниот крст“, или „Долга е раката на ВМРО“? Жртвите, оние вистински, не обрнуваат внимание на таквите керефеки. Ама тоа му е потребно на некој друг, најпрво на оние одвратни и тажни патриотски мистификатори, на нив, непостоечкиот „Убав ангел“ им е здраво неопходен сите овие години, потребен им е затоа што на него убаво паразитираат, па потоа за да ги инспирира во хипер-продукција завиткана во текстуално-мислечка ништожност.
Самите бомби некако не им беа доволно страшни, та и „ние“ им се нафрливме, и тоа прилично селективно: не, ним, на патриотите, потребен им е Збор, итекако Збор кој ќе има призвук на онаа слатка, кичерајска Хипокризија, оти тој сој ионака држи дека секој збор што тежнее на повисоко и подобро ниво, за нив претставува општа хипокризија.
Дали интервенцијата од бомбите и флоскулата на „Убавиот ангел“ нешто ќе промени? Врло-веома се сомневам. „Убавиот ангел“ спокојно ќе остане во бизарната „Долга е раката на ВМРО“, флоскула за паразитирање, а тоа што всушност, во неговото изворно значење не постои, на никому нема да му биде грижа. На нашиот патриотски сој, имено, не им е важна вистината, туку кога ќе затреба, вештачки ќе измислат некоја будалаштина, како контралага, или противлага, за да можат послатко да опонираат.
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


