Во минатата, кризна 2022 година имаме најголем поврат на ДДВ кон стопанството во историјата на нашата држава од 727 милиони евра, порача од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.
„Имаме и најмала стапка на невработеност од 14,3 отсто која продолжува и натаму да паѓа. Воведовме систем на долгорочно зголемување на минималната плата, нешто што во време на ВМРО-ДПМНЕ беше незамисливо. Во март минималната плата ќе изнесува 20.200 денари. Седум квартали по ред имаме раст на БДП и тој продолжува да расте“ порача во својата реплика Тасевска.
Тасевска истакна дека пакетите антикризни мерки што ги презеде СДСМ, од страна на Светска Банка се нотирани како најуспешни во регионот.


