Еве на кого е посветена песната „ Не дај се Инес“

Легендарниот кантавтор  Арсен Дедиќ откри како е настаната стиховите од позната песна „Не дај се Инес“ и на кого е посветена. Во интервју за порталот Lupiga.com Дедиќ кажува дека Инес е вдовица која живее во Милано и нема деца.

Таа се занима со уметност. Живее во Милано и никогаш не ме напушти. Ми направи бронзена биста, петмина поштари ја носеа колку беше тешка. Речиси секоја година доаѓа, зема соба во хотел Esplanadа и престојува во Загреб три, четири дена за да ми биде блиску и да се видиме. Вели дека мојата песна ја обележала за цел живот- раскажува Дедиќ и додава дека Инес и дене денска не го напушта.

– Еве токму сега ме бараше Раде Шербеџија да ме праша дали можам со него да настапам во април, бидејќи ќе ја изведува и „Инес“. Таа значи сеуште не ме напушта во емоционална смисла, а со неа прекинав пред 51 година, заклучи Дедиќ.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести