Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, нагласи дека одлуката на Владата за враќање на ДДВ-то за горивата на 18 проценти е уште еден доказ дека власта не води сметка за животниот стандард на граѓаните и дополнително ќе придонесе за нов бран поскапувања.
Филипче посочи дека наместо мерки за заштита на граѓаните во услови на растечки цени и економска неизвесност, Владата не понуди никаква конкретна поддршка за ниту една категорија граѓани.
„Тоа е само една од политиките показател дека оваа власт не се грижи за стандардот на граѓаните. Ќе поскапат горивата. Што направија за време на кризава изминатите месеци? Ништо. Кој виде помош? Која група на граѓани виде помош?“, рече Филипче.
Тој додаде дека поради неодговорноста на власта, спирлата на поскапување е започната уште со почетокот на кризата и цените никогаш нема да се вратат во првобитната состојба од што граѓаните последиците ќе ги чувствуваат долго време.
„Сè поскапе. Цела спирала на цените започна и никогаш нема да се врати на првобитните цени, пред да започне војната во Иран, па и утре да заврши, а нема да заврши. Ќе трае таа криза.“ рече Филипче.
Претседателот на СДСМ порача дека власта нема ниту желба ниту капацитет да им помогне на граѓаните за реалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат.
„Така што, сето тоа е во склоп на тоа колку оваа влада, колку премиерот и групата околу него е заинтересирана за граѓаните. Ама воопшто не е заинтересирана“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста


