Три мачки врзани со јаже, чувала 49-годишна жена од Солун, која е уапсена и казнета со 17.600 евра, согласно одредбите од Законот за заштита на животните, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што објавија грчките медиуми, мачките биле врзани со јаже на балконот од станот на жената, а полицијата вчера попладне ја уапсила.
Против 49-годишната жена биле изречени предвидените административни казни во вкупен износ од 17.600 евра, а паралелно ќе биде изведена пред надлежен јавен обвинител.
Од 2021 година во Грција постои закон што се однесува на животните и домашните миленици, а предвидува и строги казните за малтретирање и злоупотреба на животни.
МИА


