„Финска не е добра“ – разочарани мигранти се враќаат назад

Стотици, претежно ирачки мигранти, кои патувале низ Европа за да стигнат до Финска, се враќаат назад, велејќи дека не сакаат да останат во ретко населената земја на северната граница во Европа, бидејќи е премногу ладно и здодевно.

Мигрантите во изминатите неколку недели се враќаат во Шведска, на граничниот премин Haparanda-Tornio, само на еден час возење јужно од арктичкиот круг. Финските власти забележаа пораст на бројот на поништени барања за азил.

“Може да му кажете на светот дека ја мразам Финска. Таму е премногу ладно, нема ресторани, нема никој на улица, само автомобили,” изјави 22-годишниот Мухамед во Tornio, каде што живата во термометарот покажуваше нешто над 10 Целзиусови степени во еден ветровит и сив ден.

migranti_finska_2

Тој веќе патувал од Tornio до главниот град Хелсинки, речиси 750 километри на југ, а потоа назад до границата за повторно да се врати во Шведска.

Мигрантите кои немаат соодветни документи за патување не се во можност да ги преземат во фериботи кои сообраќаат меѓу Хелсинки и Стокхолм.

Друга група од околу 15 ирачки бегалци чекаа на автобуска станица и исто така, изјавија дека сакаат да се вратат во јужниот дел на Шведска.

“Финска не е добра,” изјавија Ирачаните.

Во Шведска е исто така студено како во Финска, но има поголеми имигрантските заедници заради подолгата историја на интеграција.

migranti_finska_1

На 19 септември, заради неколку автобуси со мигранти, стотици Финци формираа барикади против приливот на мигранти.

Антиимигрантските чувства може да се причина поради која некои мигранти решија да ја напуштат Финска, каде што популистичката партија е втора по големина политичка сила во државата.

Околу 40 демонстранти – вклучувајќи и еден облечен во облека на Кју Клукс Клан – фрлаа петарди на автобусите кои превезуваа азиланти во нов прифатен центар во јужниот град Лахти.

finska_kkk

Но, според шефот на финската служба за имиграција, Еско Репо, од минатата недела, околу 200 апликации од Ирачаните кои бараат азил биле повлечени.

Финска има регистрирано над 14.000 лица кои бараат азил во текот на оваа година, а се очекува таа бројка да порасне до 30000 до крајот на годината – осум пати повеќе отколку во 2014 година.

Најнови вести

Најново од Топ Вести

Најчитани вести