(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра од брендот „Шанел“

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ на концертот во Јагодина се појавила во урбано издание кое вреди вистинско богатство.

На инстаграм-страницата која го следи стајлинзите на Цеца и цените на парчињата што ги носи, се појавија цените на нејзиниот аутфит.

За оваа пригода, Цеца Ражнатовиќ избрала комплет од престижниот бренд „Шанел“, за кој потрошила 8.000 евра, додека стајлингот го комплетирала со ефектни обетки од 135 евра. На нозете носела модерни сандали, чија цена достигнува 650 евра, со што ја заокружила оваа луксузна модна приказна.

Кога сè ќе се собере, пејачката потрошила околу 8.785 евра за стајлингот на настапот, докажувајќи уште еднаш дека не штеди кога е во прашање нејзиниот изглед на сцената

Нејзината комбинација од тексас со светкави детали ја истакнала нејзината фигура и ги привлекла сите погледи, додека обожавателите со воодушевување коментирале дека изгледа подобро од кога било.

Повеќе на следниот линк

Најчитани вести