
Имено, стотици евакуирани Авганистанци пристигнаа во оваа азиска земја, а вчерашните фотографии од аеродромот Инчеон во Сеул покажуваат деца кои при пристигнувањето добиле подароци – плишани мечиња и зајчиња.

Фотографиите прво беа објавени на Твитер од новинарот Рафаел Рашид, кој известува за ситуацијата во Авганистан.
„Ќе ја поделиме Вашата болка. Имајте пријатен престој“, пишува на банерот со кој беа пречекани евакуираните.
Авганистанците кои пристигнаа во Јужна Кореја се прогласени за лица од посебно значење, а не за бегалци, и им биле дадени краткорочни визи. Но, аналитичарите велат дека во пракса, оваа ознака е приближно еквивалентна на ознаката за бегалци.

Вкупно 390 бегалци пристигнаа во Јужна Кореја, вклучувајќи здравствени работници, професионални тренери и преведувачи кои работеле за корејската амбасада заедно со нивните семјества и деца.



Фото: АФП
]]>


