(ФОТО)Може да биде за која било летна прослава: Комплетот на Цеца Ражнатовиќ е идеален речиси за секоја жена

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ блесна во светло портокалова облека кога дојде на снимањето на популарното шоу.

Овој комплет се состои од елек без ракави со длабоко деколте и копчиња, во комбинација со стилски панталони со широки ногавици и висок струк. Судејќи според фотографиите, комплетот е изработен од лен, кој е идеален материјал за овој период од годината, односно за високи температури.

Носи и сандали со златни детали и портокалова Шанел чанта која одговара на тонот на целата облека. Стајлингот дополнително го комплетираше со очила во ретро стил и дискретен златен накит од брендот Картие, објави најженаало.рс

Ова е одличен пример како да носите впечатлив комплет на летните забави и свадби – доволно гламурозен, но и доволно удобен за дневни настани. Комбинацијата на боја, крој и додатоци дава ефект на моќ и женственост.

Дали ви се допаѓа нејзиниот стајлинг?

Најчитани вести