(ФОТО)Пукање пред кафеана, 10 мртви и уште толку ранети, напаѓачите пукале во гостите и во случајните минувачи

Вооружени лица убиле 10 лица и раниле уште 10 во напад во населба во близина на Јоханесбург, Јужна Африка, соопшти полицијата утрово. Ова е второ масовно пукање во Јужна Африка во текот на декември.

Мотивот за нападот во Бејкерсдејл, околу 40 километри југозападно од Јоханесбург, сè уште не е познат, изјавија полициски извори за агенцијата Франс Прес.

– Некои жртви биле застрелани случајно на улиците од непознати напаѓачи – се наведува во полициското соопштение.

Напаѓачите, кои биле во две возила, „отвориле оган врз гостите во кафеаната и продолжиле да пукаат додека бегале од местото на настанот“, соопшти полицијата.

Меѓу загинатите е и возач на такси служба, кој бил пред барот, изјави за телевизијата SABC, покраинскиот полициски комесар, генерал-мајор Фред Кекана.

Полицијата започна обемна потрага по осомничените. Ранетите се однесени во болници, соопштија официјални лица.

Јужна Африка се соочува со длабоко вкоренет криминал и корупција поттикнати од мрежите на организиран криминал. Пукањата се чести и поврзани со насилство меѓу бандите и ривалства во криминалниот бизнис, што придонесува за една од највисоките стапки на убиства во светот.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести