Невреме пропратено со град попладнето зафати неколку села во општина Топола.
Според мештаните, град со ист интензитет паѓал околу 20 минути, па штетите во погодените подрачја се прилично големи.

-Прво два пати бевме погодени од пролетниот мраз и само што се спасивме од тоа, сега почна и град. Паѓаше околу 20 минути со ист интензитет и иста големина, за среќа не беше голем, но кога е град во прашање, штетите се секогаш големи. Оштетени се градините и плодовите, само среќа е што уште не никнаа сите растенија, па се надеваме дека барем нешто ќе има – вели жител од селото Рајковац, кое претрпе најголеми штети.

Градоносни облаци имало и во селата Загорица и Овшиште, додека на други места имало силни и обилни врнежи од дожд кои предизвикале оштетувања на макадамските патишта и обработливите ниви, пишува Информер.


