Хит на интернет: Вредат милиони евра, а на тренинг дошле со крнтија

За викендов Шпанија се разбуди покриена со снег, а особено е погодена метрополата на земјата – Мадрид и околината. Зимски гуми таму не постојат, па во сообраќајот настана тотален хаос. Едни од оние кои успеаа да привлечат внимание со тоа како го решиле проблемот, се фудбалерите на Атлетико кои пошле на тренинг со автомобил стар 20 години.

Шиме Вршаjко објави фотографија на Инстаграм од транспортното возило со кое заедно со уште тројца фудбалери дошле на тренинг. Во автомобилот се возеле Јаник Фереира Караско, Томас Лемар, Марио Хермосо и Шиме Вршајко, кои заедни вредат милиони евра, па ако го чукнаат овој нема да биде голема штета, барем не за „Фиат Панда“-та.

Фотографијата не само што привлече внимание, туку и пофални зборови, бидејќи скапите „миленици“ во вакво време се чуваат во гаража затоа што на патиштата условите се навистина лоши.

Фудбалерите на „Реал Мадрид“, чекаа пет часа во авионот за да полетаат, а на крајот пилотот се откажа од летот, а поради снегот, одложен е и натпреварот помеѓу Атлетико и Атлетик.

]]>

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести