Илон Маск го оствари планот во кој скоро никој не ни веруваше

Иако 2020. година многумина сакаат да ја заборават, за некого како што е Илон Маск, таа донесе неверојатен успех, а шлаг на тортата е најавата од крајот на минатата недела дека „Тесла“ успеала да продаде половина милион автомобили, пишува Си-Ен-Ен.

Според последните објавени податоци, компанијата успеала да продаде повеќе од 509.000 возила, додека нивната испорака е нешто помала и изнесува 499.550.

Во споредба со претходната година, производството и продажбата им се зголемиле за повеќе од една третина, притоа имајќи го предвид фактот дека фабриката во Калифорнија им беше затворена некое време поради пандемијата. Сепак, клучна за успехот и зголемувањето на продажбата била фабриката во Шангај отворена на крајот на 2019 година, коментира „Си-Ен-Ен“. Бројките на „Тесла“ беа особено добри во последниот квартал од минатата година, кога производството и бројот на испораки достигнале дури 180.000 возила, што е пораст од дури 71 процент, или 61 процент во споредба со истиот квартал во 2019 година. Во првата половина на годината, овие бројки, поради пандемијата, не беа толку добри и тие испорачале само околу 88.400 автомобили во првиот квартал и околу 90.000 во вториот квартал.

Пред неколку месеци, аналитичарите на Волстрит предвидоа дека компанијата нема да ја исполни својата цел и да произведе половина милион автомобили и дека ќе остане кратка за околу 9.000 возила. Од друга страна, Маск остана оптимист и јавно соопшти на Твитер дека е горд со своите вработени, истакнувајќи дека кога го започнал „Тесла“, имале оптимистични 10 проценти шанси „да преживеат“.

Денес во продажбата доминираат поевтините модели на „Тесла“, „Модел 2“ и „Модел Y“, а со оглед на тоа што компанијата отвора и нови фабрики (во Берлин и во Остин) и има намера да започне со продажба на своите електрични возила и во Индија, јасно е дека во иднината на „Тесла“ се гледа уште поголемо зголемување на продажбата.

Освен зголемувањето на продажбата на „Тесла“, минатата година донесе и зголемување на цената на акцијата на „Тесла“, која порасна за неверојатни 743 проценти.

https://twitter.com/elonmusk/status/1345382294966571008
]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести