Здравствен инспекторат конечно влезе во прилепската болница „Борка Талески“ по сторијата на Телевизија 24 за 47 годишниот Зоран Ѓорчевски кој според кажувањата на семејството иако бил пациент на дијализа со воспаление на панкреас не добиЛ соодветен и хуман лекарски третман во болницата.
Од инспекторатот за Телевизија 24 велат дека вонредниот инспекциски надзор се врши по налог од министерот за здравство. Објаснуваат дека врз основа на тој извештај Министерот ќе одлучи дали ќе формира стручна комисија која дополнително ќе истражува дали и какви пропусти имало во лекувањето.
Доставен е налог од министерот за здравство и се врши вонреден инспекциски надзор. Се прават записници и кога ќе биде готов ќе добиете известување. Штом ќе се заврши со надзорот ќе се изготви информација што и како е пронајдено. Тоа е во наша надлежност. Ние не можеме да коментираме околку стручноста. Министерот ќе си формира комисија за стручен надзор а ние ќе обезбедиме документација каде и како бил примен во болницата. Ако се формира стручната комисија таа ќе види дали се направени пропусти во однос на лекувањето и ќе се произнесе со извештај.
Дали ќе има санкции, министерот за здравство Азир Алиу вели дека ќе знае по состанокот со комисијата.
И додека се чека извештајот, Зоран Ѓорчевски во критична состојба се уште се лекува во приватна болница. Неговата сопруга Анета за Телевизија 24 рече дека постојано има болки и е под лекарски надзор.
Се уште е во животозагрозувачка состојба. Болки има постојано. Параметрите воопшто не се добри постојано варираат. Редовно го приклучуваат и на дијализа. Му правеа и хемофилтрација.
Дополнително, семејството на Зоран најави и дека ќе ги искористат сите правни механизми со цел вистина да излезе на виделина. Правда ќе бараат и во Стразбур.
Според сведочењето на сопругата, здравстените проблеми на Зоран почнале на 12 јули кога после третиот час од дијализата во болница, почнал да чувствува болки во стомакот. Од тој момент па се до одлуката на семејството да го префли во приватна болница, 47 годишниот прилепчанец бил упатуван од една врата до друга без соодветна медицинска нега.
извор: 24.mk


