■ Традиционално финско јадење е калакуко – ‘ржан леб и паштета од риба.
■ Фолклорот е длабоко вкоренет во финската култура.
■ На финското знаме се наоѓа син скандинавски крст на бела позадина. Овие бои ги симболизираат финските езера и снегови.

■ Нокиа е најголемата транснационална компанија во Финска. Според оценката на англискиот бизнис магазин Fortune во 2006 година, таа го зазеде дваесеттото место меѓу најуспешните компании во светот. Треба да се спомене дека секој ден луѓето во светот купуваат повеќе од четвртина милион „паметни“ телефони произведени од Nokia.
■ Значително збогатување на Финците во текот на осумдесеттите години на минатиот век доведе до огромен пораст на цените. Денес Хелсинки се смета за еден од најскапите градови во светот.

■ Загадувањето на водата во близина на финскиот брег е причина за големи загуби во риболовот. Денеска е приложена еколошка програма чија цел е заживување на рибната популација.
■ Во Финска живеат најголем процент на стари луѓе во светот. Финците го должат својот долг животен век на одличната медицинска нега која им е на располагање.

■ Во Финска има околу 180.000 езера, кои заземаат 10% од нејзината територија.
■ Хелсинки се наоѓа на 315 острови поврзани меѓу себе со мостови.
■ Во Хелсинки во просек има 121 дождлив ден во текот на целата година.


