ИВИЦА ДАЧИЌ НА РЕСПИРАТОР: Лекарите се борат за неговиот живот

Претседателот на СПС и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, беше итно хоспитализиран по ненадејно влошување на неговата здравствена состојба.
Следните 72 часа се клучни, изјави д-р Спасоје Поповиќ, кој е еден од лекарите кои се борат за животот на Ивица Дачиќ.

Тој е на респиратор, има двојна пневмонија и ги прима сите лекови што му се потребни. Се бориме за неговиот живот и следните 72 часа се клучни – изјави д-р Спасоје Поповиќ.


Вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е во тешка ситуација, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, каде што го посети со членови на владата.
„Заедно го посетивме вицепремиерот и претседателот на СПС, тешка ситуација, но ние веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, изјави Вучиќ за Танјуг пред Клиничкиот центар на Србија.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести