Кејт Мидлтон денес го прекрши светиот протокол а сепак изгледаше совршено!

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам присуствуваа на денешниот историски настан, официјалното назначување на Сара Малали за надбискуп на Кентербери, во Лондон. Таа стана духовен поглавар на Англиканската црква и водач на глобалната англиканска причест, прекинувајќи ја 1400-годишната традиција во која оваа позиција ја извршуваа исклучиво мажи.

Принцот Вилијам денес го претставуваше својот татко, кралот Чарлс. Заедно со неговата сопруга Кејт Мидлтон, минатиот месец имале средба со Сара Малали во нејзината резиденција во Лондон.

Британскиот престолонаследник и Кејт Мидлтон денес беа во центарот на вниманието, вистинската слика и прилика на идниот крал и кралица на Обединетото Кралство и Комонвелтот.

Кејт Мидлтон се појави во Вестминстерската опатија во Лондон облечена во палто од брендот Suzannah и со широк шешир од Juliette Botterill. Повторно, на неа видовме беспрекорно кроена облека, совршено координирани бои и стајлинг без ниту една грешка.

Принцезата од Велс, која во првите години од бракот со Вилијам имаше одредени модни пропусти, успева да биде стилизирана до перфекција. Кога ќе се земе предвид дека модните изданија мора да се усогласат о протоколот и да најдат начин да го изразат својот моден вкус преку облеката, јасно е дека нејзината задача воопшто не е лесна. Затоа нејзините стајлинзи се повеќе од моден погодок.

Па дури и да прекрши некое правиле, тоа го прави со стил. Денес, таа се појави во екстремно високи потпетици.

Според протоколот, Кејт Мидлтон треба да носи класични чевли со умерена потпетица, пишува Експрес, но денес беше во потпетици спротивно на правилото. Таа го нправеше тоа и претходно кога ноеше еспадрили, чевли со отворени прсти и патики бидејќи сите овие обувки не се според строгиот протокол.

И покрај ваквите прекршувања на правилата, Кејт Мидлтон никогаш не прави компромис со можеби најстрогиот принцип – секогаш да биде соодветно и пристојно облечена.

Сопругата на принцот Вилијам направи неколку модни чекори од почетокот на оваа година, најавувајќи година полна со модни изненадувања. Кога претходно ги прекршуваше правилата, кралицата Елизабета негодуваше на тоа, а потоа успеа да воспостави рамнотежа помеѓу протоколот и она што ѝ се допаѓа. Сега таа прави нови промени, но внимателно, како и што се очекува од неа, пишува zena.blic.rs.

Најчитани вести