Корисни ефекти од кората од банана

Бананата, како и нејзината кора, е одличен сојузник за убав и негуван изглед, бидејќи можете да ги користите за да направите разни козметички производи добри за вашата кожа, особено во зимските месеци кога студот, ветерот и престојот во затворен простор дополнително ја сушат. Важно е да користите свежа банана која е свежо излупена и складирана на ладно место подалеку од извори на светлина.

Природен избелувач

Ако ги триете забите со кора од банана по една минута секој ден, тие ќе станат побели.

Лек за брадавици

Со третирање на непријатните брадавици со кора од банана, со текот на времето ќе ги отстраните целосно.

Лек против мозолчиња

Ако го масирате местото со мозолчиња со кора од банана пет минути секој ден во текот на седум дена, тие ќе исчезнат, а кожата ќе се исчисти.

Средство против брчки

Маската направена од кора од банана и една жолчка од јајце е одлична против брчки бидејќи има висока хидратантна моќ. Држете ја на лицето 5 минути, а потоа исплакнете ја со млака вода.

Лек против болки

Ако измешате кора од банана и растително масло и го третирате болното место со оваа смеса 30 минути, болката ќе исчезне.

Лек за псоријаза

Масирајте го делот од кожата што е зафатен од псоријаза со кора од банана бидејќи тоа ќе ја хидрира кожата и ќе ги ублажи непријатните симптоми.

Лек против инсекти

Ако ве касне инсект, кората од банана ќе го запре чешањето и ќе спречи оток.

Најчитани вести