На влез во зградата од слобода е лишен А.А. кај кого се пронајдени 22 пакувања кокаин, додека при влегувањето во станот од страна на неговата девојка Ф.Л. бил даван отпор и таа ги спречувала полициските службеници во вршењето на службени дејствија. Дополнително таа успеала на кровот од соседната зграда да исфрли повеќе пакувања со наркотична дрога кокаин кои подоцна биле обезбедени. При извршен претрес во домот пронајдени се и 6.660 евра за кои постојат сомненија дека потекнуваат од продажба на наркотичната дрога кокаин, стои во соопштението од МВР.]]>


