Мајски снег на Балканот – побелеа планините во Србија и Црна Гора

Снежно утро ги разбуди жителите на одредени населени места во Србија и во Црна Гора.

На Копаоник од утрово врне слаб снег, а според податоците на Републичкиот хидрометеоролошки завод, во седум часот температурата на оваа планина била нула степени.

Снег има и во Сјеница, како и на планинскиот превој Јабука.

Снежни наноси се забележани и во Црна Гора, во неселените места Жабљак и Мојковац а ниски температури се измерени и на приморјето.

Целиот Балкан е под влијание на студен бран, а нормализирање на температурите се очекува на почетокот од следната недела.

извор: trn.mk

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести