Маргарет Тачер сакала да употреби војска за задушување на рударскиот штрајк во 1984 година

Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер сакала да ја употреби војската во настојувањето да се задуши долгиот штрајк на рударите во 1984 година, покажуваат владините документи од пред 30 години, што денеска првпат се објавени.

Од документи, кои досега беа тајни или се водеа како доверливи, се разбира дека „челичната леди“ планирала и да прогласи вонредна состојба во Велика Британија, стравувајќи дека поради долгиот рударски штрајк земјата ќе остане целосно блокирана и без храна.

Британската контраразузнавачка агенција МИ5 знаела дека тогашниот Советски Сојуз се обидувал да им помогне на рударите да издржат подолго со штрајкот, настојувајќи тајно да им префрли пари, преку една швајцарска банка, но и дека Москва не успеала со тој план. Кога Тачер го разбрала тоа,му приговорила на Михаил Горбачов кој во тоа време беше во посета на Лондон, пред да стане лидер на Совескиот Сојуз.

Според тајните документи Горбачов бил изненаден од таквата информација, не верувјќи дека е точна, но по неговото враќање, никој во Москва повеќе не се обидел да се замеша во штрајкот на британските рудари.

Штрајкот почна во 1984 година и траеше се до следната 1985 година, предизвикувајќи големи штети за британската економија. Штракот, сепак, не успеа да го спречи затворањето на 20 рудници, како што тоа одлучи владата на Тачер. Подоцна владата донесе нов и поостар закон за штрајкови, во обидот да не се дозволи еден работнички протест да предизвика земјата да се најде на работ од колапс.

tacer1

Во објавените документи има податоци и за атентатот на ИРА во хотелот „Гранд“ во Брајтон, од пред 30 години, во кој Тачер и нејзиниот сопруг останаа неповредени, потоа за убиството на еден британски полицаец пред либиската амбасада во Лондон, што беше причина за раскин на дипломатските односи со Моамер Гадафи, како и за неуспехот на британските тајни служби да откријат кој ја има направена лажната снимка од „разговорот“ меѓу Тачер и Роналд Реган за Фокландските Острови. 

 ]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести