Истакнатиот спортски новинар Фабрицио Романо тврди дека Лионел Меси и фудбалскиот клуб „Барселона“ се договориле да го раскинат договорот.
-Средбата меѓу Меси и администрацијата на Барселона заврши. Фудбалерот не се согласува со проектот на Роналд Куман и одлучил да го напушти клубот – напиша добро информираниот Романо на својот профил на Твитер.
Претходно, новинар на телевизијата „TyC“, кој прв ја објави веста, рече дека состанокот е завршен и дека некои членови на одборот си дале оставка, додека други предложиле гласање за недоверба против Бартомеу.