Meси ја напушта Барселона

Лионел Меси ја напушта „Барселона“. Ова на својата Фејсбук страница го објави каталонскиот клуб.

„И покрај тоа што беше постигнат договор помеѓу “Барселона’ и Лео Меси и, и двете страни сакаа да ја продолжат соработката, тоа нема да се случи поради економски и правни пречки (правилата на шпанската Ла Лига)“, стои во соопштението на клубот.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1423341016455819271

Во последните денови во шпанските медиуми имаше многу вести за Меси и „Барселона“, а во повеќето се тврдеше дека двете страни постигнале договор и дека ќе ја продолжат соработката.

Договорот навистина бил постигнат, но залудно. Огромните финансиски проблеми во кои се најде „Барселона“ биле пресудни.

-Двете страни жалат затоа што желбата на клубот и фудбалерот нема да се исполни. „Барселона“ искрено му се заблагодарува на Меси за неговиот придонес во овој клуб и му посакува се најдобро, и во приватниот и во деловниот живот – се наведува во објавата на каталонскиот гигант.

Меси целата своја професионална кариера ја помина во Барселона. Тој играше на 778 натпревари и за „Барселона“ постигна 672 гола.

]]>

Најчитани вести