Аргентинскиот ас Лионел Меси по 20 години ќе ја напушти Барселона, пишуваат шпанските медиуми.
Информацијата преку својот профил на Твитер ја објави новинарот Алфредо Мартинез, кој напиша дека Меси побарал раскинување на неговиот договор со Барселона.
Меси имал клаузула во неговиот договор што му овозможува еднострано да го раскине договорот на крајот на сезоната, но договорот автоматски му бил продолжен и таа клаузула повеќе не важела.
Шпанските медиуми претходно објавија дека Меси го повикал претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу и го информирал за неговата одлука.
Се очекува вечерва Меси да ги објави и потврди овие информации.