Meси повреден, ќе го пропушти вечерашниот натпревар во Суперкупот

Вечерва од 21 часот фудбалскиот клуб „Барселона“ во Кордоба ќе го одигра полуфиналето на Суперкупот против „Реал Сосиедад“. Меси нема да игра поради повреда на бутот, пренесе МСН, што се случила на последниот натпревар против Гранада.

Меси почувствувал мала болка, но и по неколку дена болката не се намалила, а Куман не сакал да ризикува тоа да стане посериозна повреда.

„Барселона“ ја започна сезоната многу лошо, но на последните неколку натпревари ситуацијата се подобри, најмногу благодарение на Меси. „Барселона“ победи шест пати на последните осум натпревари, а на два имаше нерешен резултат. Меси на последните два натпревари постигна четири гола.

]]>

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести