Судењето на криминалниот клан на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ денеска продолжи со вештачење на ДНК материјалот пронајден во куќата на смртта во Ритопек.
За 28 април ќе биде поканета експертот за ДНК Јелена Стошиќ, како и проф. д-р Душан Кекаревиќ и доцент д-р Милица Кекаревиќ Марковиќ.
По нивниот распит ќе биде донесена одлука дали ќе бидат повикани и другите двајца членови на комисијата за вештачење Верица Радојиќиќ и Миљана Кецмановиќ, мајката на момчето што пукаше во основното училиште „Владислав Рибникар“, која е осудена на три години затвор за кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице, пишува Телеграф.
Како што додаде судијата, на 29 април треба да бидат сослушани шест вештаци.
Да потсетиме, мајката на Коста К., кој е одговорен за масакрот во основното училиште „Владислав Рубникар“, е угледен експерт во Белград.
Имено, таа е асистент на Биолошкиот факултет во Белград, а покрај одржување на настава се занимава и со истражување.


