Мисија на ММФ во официјална посета на Србија од утре до 5 мај; ќе се ажурират макроекономските проекции

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд утре ќе почне официјална посета на Белград, по повод трета ревизија на тековниот аранжман, соопшти Народната банка на Србија. Планирано е Мисијата на ММФ да остане во Белград до 5 мај.

Првата средба со српските претставници ќе биде утре во НБС. 

Аранжманот Инструмент за координација на политиките, беше одобрен за Србија во декември 2024 година и ќе трае до крајот на 2027 година. Таа програма е од советодавен карактер и не вклучува користење финансиски средства.

МИА

Најчитани вести