На денешната прес конференција, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоси рече дека ќе ги чекаат конечните резултатите од изборите и во наредните денови ќе се знае како понатаму. Тој рече дека е задоволен од работата на претседателот на ДИК, Оливер Дерковски и нема да бара негова замена иако се уште нема конечни резултати и партијата имала сознанија дека „сомнително се броени и внесувани податоците“.
Ова е прва негова прес конференција по вчерашните предвремени избори на кои според ВМРО ДПМНЕ, СДСМ води со 10.000 гласа разлика.
]]>


