На следниот линк ДИК ќе ги објавува резултатите од предвремените 10. парламентарни избори

На следниот линк Државната изборна комисија ќе ги објавува резултатите од предвремените 10. парламентарни избори. Првичните резултати ќе бидат неофицијални се до конечното пребројување на гласовите.

До 20:45 часот на гласање на денешните парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас, односно одѕивот е 50,86   проценти, според ДИК. Обработени се податоци од 3.466 од 3.480 гласачки места.

Според податоците што ги објави на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски, најголема излезност има во Четвртата изборна единица –  59,79 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 39,23  проценти.

Во Првата изборна единица излезноста е 52,17,  во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 проценти.

По првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од вообичаеното, односно се гласаше до 21 часот.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести