На украинско-белоруската граница се водат преговори, пристигна делегацијата од Украина

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека делегација од Киев пристигнала на разговори со Русија, на украинско-белоруската граница. Руската делегација веќе била таму, а со хеликоптери пристигнала и делегацијата од Украина, пренесува Риа Новости.

Како што може да се види на видеото, најмалку два хеликоптери пристигнаа со украинска делегација предводена од Олексеј Резников и Михаил Подољак, советник на началникот на кабинет на претседателот.

Покрај двајцата, во украинската делегација се и Андриј Костин, Рустем Умеров и Микола Точицки, заменик-министер за надворешни работи.

Средбата требаше да започне во 10:00 часот.

https://twitter.com/nexta_tv/status/1498215362881544194
]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести