Набуилина: Русија ќе го задржи доларот во своите девизни резерви

Русија планира да го задржи доларот во своите девизни резерви, изјави денеска гувернерката на Централната банка, Елвира Набуилина, најавувајќи натамошно заострување на монетарната политика за ограничување на инфлацијата.

-Русија ќе го задржи доларот и покрај општиот тренд на намалување на неговата употреба во домашниот финансиски систем, изјави гувернерката Набуилина за телевизијата Блумберг.

Таа додаде дека на состанокот на 23 јули, руската Централна банка може да ги зголеми основните каматни стапки за една четвртина до полн процентен поен, од сегашните 5,5 проценти, за да ја намали инфлацијата.

Во пандемијата во 2020 година, Централната банка на Русија ги намали основните каматни стапки на рекордно ниско ниво од 4,25 проценти, за годинава да ги зголемува веќе  три пати во об ид да ја закочи инфлацијата, што во ноември го надмина целното ниво и не покажува знаци на забавување.

Монетарната политика е главна алатка за ограничување на инфлацијата, која во јуни надмина шест проценти, највисокото ниво од крајот на 2016 година, и кое претставува далеку над поставените четири проценти, изјави Набиулина за телевизијата Блумберг.

Во јуни, банката ги зголеми каматните стапки за половина процентен поен и соопшти дека можеби ќе треба дополнително да ги зголеми за да ја намали инфлацијата. 

МИА

]]>

Најчитани вести