Најсреќното племе живее во џунглите на Амазон – нема никаква допирна точка со современиот свет

Во џунглите на Амазон живее племето Пираха, околу 400 луѓе познати како најсреќното племе на светот.

И покрај вообичаеното верување дека спиењето е добро за организмот, овие необични луѓе веруваат дека е спиењето е штетно и ја прави личноста слаба и ранлива. Тие веруваат дека кога ќе заспиете, можете да се разбудите како друга личност, па затоа не треба да ризикувате. Дури и според нивното верување колку помалку спиете, толку подолго живеете. Затоа кога ќе заспијат тие тоа не го прават во кревет, туку таму каде што во моменто се нашле, а веднаш по будењето продолжуват со своите вообичаени работи.

Нa jазикот на кој зборува ова племе нема име за повеќето броеви. Како што открија американските научници ова мало изолирано бразилско племе, ги знае само поимите „еден“, „неколку“ и „многу“.

Зан нив нема нуту време, нема минато или иднина, туку постои само сегашноста.

Тие не ги знаат датумите, деновите во неделата или месецот, а јадат само еднаш или двапати на ден. Луѓето од племето Пираха знаат само три вида на блиски релации – со децата, со родителите и со браќата и сестрите. Кај нив нема хиерархија, но нема ниту криминал и кражба.

Никој од нив не поседува никаков имот. Истражувачите кои ги посетиле велат дека тие знаат да запеат спонтано среде ноќ, а покрај тоа веруваат и дека соништата и реалноста се подеднакво важни.

Друг интересен факт е дека за јазикот на кој зборуваат потребни им се само три самогласки и седум согласки. Немаат заменки „јас“, „ти“, „тие“, ниту „десно“ и „лево“. Кај нив сè уште не се зборува со сложени реченици.

За нив не постои концепт на стареење, бидејќи тие не се запознаени со анатомијата и веруваат дека едноставно се селат од едно во друго тело. Затоа, на секои шест до осум години, членовите на племето го менуваат своето име, а во новото си додаваат назнака за возраста, така што дури и без да се види лицето за кое зборува, може да се сфати дали е дете или татко.

Најголемата вредност што ја имаат е рамноправноста. Во племето, сите се еднакви, нема водач, никој не е подобар или полош од другиот и сите се апсолутно исти.

Иако имале можност да го сторат тоа, ниту еден член од племето Пираха досега не стапнал во современиот свет.

]]>

Најчитани вести