Неда со два факултета, Северина со основно, а Цеца со средно земјоделско

Шаренолико – вака најдобро се опишува  образованието на балкански естрадни ѕвезди.

Најобразована меѓу пејачките е Неда Украден која има две дипломи и тоа од Правен и Филолошки факултет.

neda_ukraden

Зорица Брунцлик исто така има завршено Правен факултет во Ниш, додека Здравко Чолиќ завршил економија во Сараево.

zorica_brunclik

На естрадата има и со неочекувани дипломи како Милан Калиниќ и Адил Максутовиќ. Имено популарниот водител е пилот со завршена Пилотска академија а додека Адил е дипломиран криминолог.

Ќерката на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ завршила студии Меѓународен бизнис во Атина, а Милош Бојаниќ професијата сообраќаен инжинер ја заменил со музика.

nikolija

Музички најобразовани со завршена Музичка академија се Жељко Јоксимовиќ, Биља Крстиќ, Корнелије Ковач и Зорана Павиќ.

zeljko_joksimovik3

Од друга страна списокот на „средношколци“ е нешто подолг.

Дара Бубамара завршила средно сообраќајно, Цеца Ражњатовиќ, Земјоделско училиште, а Драгана Мирковиќ и Мира Шкориќ – трговско училиште.

ceca1

На естрадата има и многу популарани пејачи кои имаат завршено само основно образование. Една  од нив е  Северина, потоа Злата Петровиќ, Љуба Аличиќ, Хасан Дудиќ, Ера Ојданиќ и Весна Змијанац која има завршено и дактилографски курс.

vesna_zmijanac

 

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести