Националната организација на потрошувачи (НЕПРО) во Србија денеска објави на веб-страницата на Министерството за внатрешна и надворешна трговија дека патничкото возило „Шкода Кодиак“ итно се повлекува од пазарот.
Причината за повлекувањето е ризик од повреди.
„На опфатените возила дошло до грешка во производството на рабовите на внатрешната рамка на предните седишта, кои може да го загрозат интегритетот на страничното воздушно перниче при негово активирање. Наведеното може да го намали заштитиниот ефект на страничното воздушно перниче и да доведе до повредување на патниците. На возилата опфатени со повлекувањето „72SG“ потребно е додавање на навлака од неткаен материјал во рамката на седиштата“, се вели во известувањето.
Побарано е повлекување на патнички возила од марката Шкода, модел Кодиак, произведени во периодот од 01.07.2024 година до денес.


