„ЕК реши земјоделскиот буџет за Македонија да биде зголемен за 62%. Но не застануваме тука. Ако денес имаме 100 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД3, во 2029 година, по завршувањето на преговорите ќе имаме една милијарда и сто милиони евра, 11 пати повеќе. Тоа е вистинскиот патриотизам за европска Македонија“ рече носителот на листата во ИЕ3 од СДСМ и Коалициајта за европска иднина, Љупчо Николовски на митингот во Кочани.
Тој додаде дека земјава е лидер во регионот по искористеност на европските фондови преку ИПАРД2 и дека Македонија има поголем број на склучени договори од Албанија, Црна Гора, Турција и Србија заедно.
Тој додаде дека Македонија е едиснтвената земја каде што нема земјоделски протести, бидејќи земојделците сега не се делат на наши и ваши, нема списоци, нема селекции, уцени и закани.
„Работиме посветено и се грижиме за секој земјоделец креирајќи нови мерки, зголемувајќи ги субвенциите и носејќи реформи“ рече Николовски.


