„Уште од почетокот почнавме да ги решаваме проблемите и го решивме проблемот со Повардарие. Пари кои лозарите ги имаа отпишани и на кои не се надеваа, но беа меѓу првите одлуки. Да ги решиме напластените проблеми со повеќе законски измени и успеавме два милиони евра да вратиме на над две илјади лозари“ рече министерот за земјоделство, Љупчо Николовски на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Неготино.
Тој додаде дека Владата предводена од СДСМ продолжи со политики и мерки за зголемување на субвенциите и се направи се за легализација на насадите, 100 отсто поддрпка за зелена нафта за лозарите и многу програми и мерки за целито сектор.
„Денес Македонија е на 13 место во светот по девизен прилив од извоз на вино, први сме во регионот. 60 милиони евра рекорден извоз и драстично зголемување на извоз на флаширано вино“ рече Николовски.
Министерот додаде дека субвенциите не само што се редовни, туку со новиот модел за прв пат лозарите добиваат субвенции и во текотвната година.


