Германската канцеларка Ангела Меркел доживеа несреќа при скијање во Швајцарија, при што се здоби со повреди. Нејзиниот портпарол Штефан Зајберт изјави дека таа ја повредила карлицата, поради што во следните три недели не и е дозволено станување од кревет. Тој не соопшти детали од несреќата.
Меркел ги откажа сите свои состаноци, вклучувајќи ја и претходно најавената посета на Полска, како и средбата со премиерот на Луксембург Ксавие Бетел.
Да потсетиме, минатиот викенд на скијање тешко настрада славниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер.
]]>


