Нови детали за трагедијата на Сава: Настрадаа илегални мигранти од Кина

Три лица загинаа при превртување на брод утрово на реката Сава во близина на Славонски Брод. Станува збор за 14 странски државјани, кои се обиделе нелегално да преминат од Босна и Херцеговина во Хрватска.
Како што потврди полицијата на прес-конференцијата, станува збор претежно за кинески државјани и еден турски државјанин. Меѓу спасените е и државјанин на БиХ, кој веднаш бил приведен бидејќи се сомнева дека бил шверцер.


Еден маж веднаш се удавил во Сава, додека две жени починале во болница. „Другите лица имаат полесни повреди и хипотермија. Вкупно има шест мажи и седум жени, сите возрасни. Сите се под надзор на медицински работници и полицијата, а третманот е во тек додека се надминуваат комуникациските бариери“, изјави претходно Јосип Самарџиќ, директор на бродската болница.
Во врска со оваа трагедија, со ова кривично дело е поврзано едно лице, државјанин на Босна и Херцеговина, кој моментално е во болница и е под полициски надзор.
На местото на настанот се испратени полициски патроли, а биле повикани и други служби за итни случаи. Полициските службеници веднаш дошле на помош и извлекле 13 лица (странски државјани) од студената река Сава, од кои едно не покажувало знаци на живот. Сите хипотермични лица биле транспортирани и згрижени во болницата во Славонски Брод“, соопшти утрово бродско-посавинската полиција.
Полицијата, исто така, откри дека бара уште едно лице чиј пасош е пронајден, но не е меѓу мигрантите кои биле однесени во болница.

Најчитани вести