Најголемата ѕвезда на поранешна Југославија ја започна својата кариера во 80-тите години на минатиот век. За време на нејзината кариера, особено додека беше дел од групата „Слатки грев“, Лепа Брена се прослави како една од најубавите и најатрактивните пејачки. Со години внимателно се грижеше за својот изглед со цел да ја задржи својата младост што е можно подолго, а малкумина се сеќаваат како таа изгледала пред да влезе на музичката сцена.
https://www.youtube.com/watch?v=CTm6hbhCDx0
Ова девојче денеска го знаеме како Лепа Брена.
Нејзин заштитен знак е русата коса, но нејзината природна боја на косата била темно кафеава. Очите и насмевката ѝ се исти, како и нејзината убавина, а самата вели дека единствено што изгубила се килограмите. Кога ја започнала својата кариера, Брена, како што откри претходно, имала 84 килограми.
Денес Лепа Брена има 17 албуми зад себе, ги наполни речиси сите балкански стадиони и концертни сали, а зад себе има и актерски улоги.