Откако минатата недела најпознатата криптовалута, биткоинот, ја достигна својата рекордна цена, денеска тој падна за 21 процент и се продава за околу 28.500 евра (35.000 долари).
Рекордната цена што ја достигна биткоинот беше на 8 јануари, годинава, во износ од околу 34.500 евра (42.000 американски долари), а денеска го бележи најголемиот пад од март, минатата година досега.


